Јанушев го предизвика Џафери: Да направиме тест за дрога, ама сите пратеници и цела Влада

Навистина ми е жал што спикерот Џафери не е денес овде, а уште повеќе ми е жал што не најде доблест и храброст да се извини за вчерашните односно сабајлешните навреди и закани кон мене односно моите малолетни деца – истакна Игор Јанушев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница.

Јанушев додаде дека својот говор го има поделено на два дела, при што во првиот дел сака да се обрати до Талат Џафери.

 Ќе му се обратам на Талат за две работи, ако се сомнева дека било кој во Собранието користи дрога слободно заклучете ги вратите повикајте служби, би повикал само тука дополнително да се повика и цела Влада, но донесете и дрегери и да направиме тест и за дрога и за алкохол. И да не излеземе додека не ги добиеме резултатите. А, доколку со тоа што ми порача ако имам проблем со нечиј син да излезам надвор и да се видам, и ако мислеше на тоа да ги вркстиме нашите правни познавања бидејќи и јас сум дипломиран правник тогаш не надвор туку еве му предлагам да одбере на било која телевизија било кога и под било кои услови да го вркстиме знаењето за правната проблематика – порача Јанушев.

 

Тој исто така побара да се осуди наративот на Талат Џафери, бидејќи не треба малолетни деца да се вмешаат во собраниски дискусии.

23.02.2023 - 21:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега