Јанкуловкса спроведена во Идризово, од вечерва почнува да ја издржува затворската казна

Ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која беше осудена правосилно на 4 години затвор за незаконската набавка на мерцедесот од речиси 600 илјади евра за Никола Груевски, вечерва со полиција е спроведена во женското одделение во затворот „Идризово“. Ноќва таа почнува да ја отслужува затворската казна.

Јанкулоска беше осудена за злоупотреба на службената положба и овластувањата зашто му наложила на помошникот-министер во МВР Ѓоко Поповски да го намести тендерот и со пари од буџетот на полицијата, да купи блиндиран мерцедес, не за полицијата, туку за тогашниот премиер Никола Груевски, по негова нарачка.

Тој е осуден на две години затвор, но побара азил во Унгарија.

Јанкулоска сега на судењата за масовното незаконско прислушување „Тврдина-Таргет“ и за злоупотребите и злосторничкото здружување во три изборни циклуси (случај „Титаник“), ќе биде спроведувана од затвор.

Врховниот суд на 18 септември ги одби барањата на осудените Ѓоко Поповски, Гордана Јанкулоска и Никола Груевски за злоупотреби при набавката на мерцедесот за вонредно преиспитување на затворските пресуди за случајот „Тенк“.

Поповски поради високата казна одамна е во затворот „Идризово“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 17:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега