Јаневски: Во 2023 година очекувам линии Тел Авив-Скопје, Белград-Охрид од мај 2023, чартер за Сараево или Бања Лука

„Без разлика на сè, туризмот и туристичката дипломатија поврзуваат дестинации. Ние треба да изградиме мостови меѓу нас, кои претходно беа срушени“, вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски во интервју за „Агротим“.

Јаневски го повтори тоа што го кажа пред неколку месеци во врска со Отворен Балкан, а тоа е дека од Охрид до Белград треба да се патува 45 минути до еден час, а не 7-8-9 часа со автомобил.

„ Во 2023 година очекувам да биде обележана со неколку нови линии. Долгоочекуваната Тел Авив-Скопје, Белград-Охрид од мај 2023 двапати до трипати неделно, чартер линија за Сараево или Бања Лука, дополнителна чартер линија од Измир за Охрид, се надевам дека ќе се реализира линијата помеѓу Анкара-Скопје“, вели Јаневски.

Цело интервју на Јаневски може да го прочитате на „Агротим“.

25.11.2022 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега