Второто полугодие од учебната година ќе започне според предвиденото, на 20 јануари, потврди денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Од Штип, каде го посети Универзитетот „Гоце Делчев“, таа истакна дека според здравствените власти, нема пречки учениците да се вратат во училишните клупи.

Министерката упати силен апел до родителите да ја сфатат сериозно редовноста на своите деца, посочувајќи дека отсуствата директно влијаат врз успехот.

„Апелирам до родителите и учениците да се редовни во училиштето. Сите испитувања покажуваат дека учениците кои редовно ги посетуваат часовите постигнуваат далеку подобри резултати“, изјави Јаневска.

Exit mobile version