Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, заедно со вработените во Министерството, упати новогодишна честитка до сите чинители во образовниот процес, посакувајќи 2026 година да биде година на знаење, надеж и заедништво.

Во своето обраќање, Јаневска посебен акцент стави на младите. „Нашите ученици и студенти се радоста и гордоста на оваа земја. Тие го заслужуваат секој наш напор за да научат повеќе, да стекнат корисни вештини и животни способности што ќе им овозможат да бидат самостојни, креативни и одговорни граѓани“, стои во честитката.

Министерството потсети дека годинава е воведено формално образование за децата на болничко лекување, а направен е исчекор и во дигитализацијата преку промовирање на Водич за вештачка интелигенција.

Exit mobile version