Јанева во Шутка не ја носела кабаницата- во затвор не биле дозволени такви јакни

Катица Јанева во затворот во Шутка не ја носела кабаницата со која синоќа се маскираше пред камерите при нејзиното пренесување од затворот до станот на нејзиниот син каде што ќе биде во домашен притвор, пишува А1он„

Директорот на КПУ Затвор Скопје – Скопје, Есад Рахиќ на прашањето дали Јанева ја имала кабаницата пред да и биде одреден домашен притвор, кусо одговорил дека такви јакни и дуксери со капи, во затворот не се дозволени. Тој рекол дека не е нивна одговорност изгледот на Јанева по напуштањето на затворот.

„Нашата одговорност за притвореникот завршува во моментот кога ја напушта капијата. Од кај нас Јанева ја презема МВР и одговорноста е нивна“, изјавил за „А1он“ директорот Рахиќ.

Извори од затворот за „а1он“ тврдат дека во собата од каде што ја преземала полицијата, Јанева немала на себе кабаница, ниту пак и биле прекриени рацете, па и тие биле изненадени кога преку медиумите виделе дека од комбето излегува целосно маскирана.

Имало и такви кои во прекривката на Јанева препознаа полициска кабаница, која поранешната специјална обвинителка ја ставила на себе во комбето, но од МВР рекле дека ја превземале  Јанева онаква каква што им била предадена од затворот и ја пренеле на локацијата за која што добиле наредба, без да коментираат дали кабаницата е полициска.

Јанева синоќа од полициското комбе коешто ја презема од затворот во Шутка излезе облечена во неколку броја поголема јакна со качулка која и го прекриваше целото лице, а завиткани и беа и рацете. Не и се гледаше лицето, ниту пак дали има лисици на рацете.

Апелацискиот суд вчера ценејќи ја здравствената состојба на ексшефицата на СЈО, како и околностите дека за неа е веќе поднесено обвинение донесе одлука таа оди во домашен притвор. На Јанева ѝ е одземен пасошот, а државата нема да смее да ја напушти ниту со лична карта. Првото рочиште за „Рекет“ е закажано за 3 декември.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега