Јанева со ново писмо од „Шутка“: Барала пари од заеднички фонд на обвинителите во СЈО за нејзина одбрана

Ново писмо од Катица Јанева пристигнало на „Рузвелтова 34“, објави Сител. Според информации на телевизијата, поранешната специјална обвинителка во писмото навела неколку барања.

Освен да ги добие личните предмети, Јанева пишувала и за таканаречениот „заеднички фонд“ на СЈО, со кој таа лично управувала.

Неофицијално сакала тој буџет да се користи за покривање на трошоци за нејзина одбрана во текот на кривичната постапка.

Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска, вели дека нема информации оти нејзиниот клиент испратил писмо со кое бара за нејзина одбрана да се користи „заедничкиот фонд“ на вработените во обвинителството.

Како што пренесува Сител, новото писмо на Јанева никој во СЈО не сака да го коментира, но неколку обвинители потврдиле дека вработените во обвинителството одделувале пари за фонд кој се користел за заеднички потреби..

Јанева во понеделник е повикана на распит во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.Таа прв пат ќе се соочи со Вилма Русковска како осомничена во случајот Рекет.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2019 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега