Јанева е 24 часа под надзор на затворската полиција во болница - лекувањето го плаќа од свој џеб

Катица Јанева и викендот останува во приватната болница Жан Митрев. Поради влошената здравствена состојба неопходни биле дополнителни испитувања, потврдуваат од нејзиниот адвокатски тим за Сител.  Неофицијално, таа е под 24 часовен надзор од затворска полиција а според нeoфицијалните информации има и обезбедување од приватната здравствена установа. Сместена е сама во соба бидејќи не смее да има контакт со останати пациенти.

Извори за Сител од затворот во Шутка велат дека таа има право на лекување во приватна болница, но во такви случаи прегледите и болничкиот третман ќе ги плати од свој џеб.

Фондот за здравствено осигурување во приватни болници ги покрива само кардиохируршките интервенции а не и кардиолошките кои пациентите ги плаќаат приватно. Тоа значи дека и Јанева треба сама да плати за коронарографија и испитувањата што и биле направени, како и за болничкиот престој.

Освен Јанева, изминатиот период неколку пати на лекар одеше и Бојан Јовановски кој со специјалната обвинителка се осомничени во исто дело. Но Боки 13 два пати со болничко возило беше на преглед на Дигерстивна хирургија и последниот пат во ГОБ 8-ми септември, каде заврши со Брза Помош откако му се слоши во Обвинителството.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.10.2019 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега