Јанева до судиите: Се надевам не се плашите дека Русковска „ќе тресе гаќи"

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, во својот воведен говор повтори дека не се чувствува за виновна по обвинението за „Рекет“ и воедно им порача на судиите да не се плашат од Русковска.

-Не се чувствувам за виновна и знам дека обвинителството нема докази кои укажуваат на моја вина. Горда сум на формирањето на СЈО и на тимот, како и на сите предмети кои произлегоа. Ја имав честа да формирам тим кој сработи 171 предмет, од притвор ги предадов на јавното обвинителство. Секој пат сум била општествено одговорна. Како специјален јавен обвинител јавно тврдам дека секогаш сум постапувала законски. Се што направив ќе биде основ за изучување на идните генерации. Во изминатите четири години се изложив на ризик, а и моето семејство. Но не се жалам. Се уште одам со крената глава и секого можам да погледнам во очи. Очекувам праведна одлука која ќе ме ослободи од обвинение кое ми го исконструира обвинителката Вилма Русковска. Се надевам дека не се плашите од нејзините закани дека ќе тресе гаќи, рече Јанева.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2019 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега