Јанев: Привремената Влада го заштити националниот интерес во однос на позицијата за Северна Македонија

Привремениот владин кабинет успеа да го заштити националниот интерес на Бугарија во надворешната политика, особено во однос на бугарската позиција за Северна Македонија. Тоа го оцени на прес-конференција за активностите на Владата техничкиот премиер Стефан Јанев, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Јанев, Бугарија демонстрирала дијалог и направила се што е потребно.

-Софија ја аргументираше својата позиција пред своите европски партнери, така што овој тип на однесување се базира на принципиелна позиција, бидејќи зборуваме за заедничкото европско семејство. Бугарската Влада достојно го бранеше националниот интерес на Бугарија, рече Јанев.

15.09.2021 - 21:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега