Јане Ченто: Не се плашам од затворот, историјата ќе ме ослободи

Јане Ченто, кој денеска беше осуден на 15-години затвор, како обвинет во случајот „27 април“, не побара да се брани од слобода до правосилност на пресудата, бидејќи како што рече, секако ќе биде напишана некоја службена белешка со која ќе биде вратен во притвор.

-Нема да барам да се бранам од слобода или од куќен притвор да не повторно на некој му текне така лесно да ме врати во притвор. Не се плашам од затворот, историјата ќе ме ослободи. Еден ден ќе угрее сонцето на слободата. Да живее Република Македонија - кажа Ченто.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега