Јанчева: Арсовска најави градежна сезона, сите фази завршија реализација не видовме

„Булеварот Србија, во насока кон Гази Баба е тесно грло поради непуштениот мост Михајло Апостолски, а со реконструкцијата се прави и дополнително оптоварување надвор од градежната сезона, која ја најави самата градоначалничка“ изјави советничката во Град Скопје од СДСМ, Љубица Јанчева во „24 анализа“ на ТВ24.

Таа додаде дека завршија сите три фази од предвидената градежна сезона, а реализација немаше, туку реконструкциите се вршат сега со почната учебна година, кога денот е помал.

„Згора на тоа, работите не се одвиваат со интензивно темпо. Слична е ситуацијата и на излезот од општина Аеродром, бидејќи кон центар се реконструира булевар Кузман Јосифовски Питу.

Трета недела се раскопани двете ленти, а не гледаме дејствија“ рече Јанчева.

Советничката изјави дека тие како советници од медиумите добиваат информации за динамиката и планот за реконструкција на булеварите, бидејќи тоа не може да го добијат од градоначалничката.

23.11.2022 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега