Јанчев и Богданов исклучени од ИК на ВМРО-ДПМНЕ

 

На денешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ разрешени се Митко Јанчев и Костадин Богданов. 

- „Едноставно имаме спротиставени визии со претседателот за патот по кој треба да се движи партијата и развива државата. Разликите особено дојдоа до израз во последните неколку месеци кога се актуелизира Договорот од Преспа. Според мене, тоа беше, но и сеуште е, моментот во кој партијата требаше јасно и конкретно да ја покаже својата евроатлантска заложба. Јас длабоко верувам дека Македонија ќе биде просперитетна држава, членка на НАТО и ЕУ преку Договорот од Преспа. Истовремено, се залагам и ќе се залагам за модерна народна партија во која неистомилениците нема да се исклучуваат од партијата“, изјави Богданов за 1ТВ.

 

 

 

22.10.2018 - 21:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега