Јанакиевски: Не може да бидам вработен, година дена сум во притвор

Откако судијата го врати на почеток судскиот процес за „Насилства и шамари во Центар” судијата Душан Јосифов им го утврдуваше идентитетот на обвинетите, пренесе „А1ОН“.

На прашање на судијата за личен документ за обвинетиот Миле Јанакиески, тој рече дека сите документи му се во судот.

„Не може да бидам вработен, година дена сум во притвор. Пасошот ми е во судот“, рече Јанакиески пред судот.

Промена во податоците од првото судење, пред да го врати Јосифов на почеток, има и Александар Трајковски

Обвинети во овој случај се експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, и уште осум лица.

Вина за настаните пред општина Центар во јуни 2013 година, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни, а за Димче Крстев и Митко Пецев се водеше раздвоена постапка.

Обвинетите во предметот се товарат за дека го поттикнале насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега