Јанакиески претепан, а Ристовски нападнат во затворот во Шутка

Миле Јанакиески, поранешен министер и осомничен дека бил организатор на настаните на 27. април минатата година во Собрание, денеска бил претепан во истражниот затвор Шутка, каде отслужува 30 дневен притвор. Поранешниот министер се здобил со скршеници и контузија и префрлен е во една од скопските клиники.

 
 

Поранешниот министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски, кој од синоќа е во притвор, исто така денеска бил нападнат во истражниот затвор, Шутка, дознава Алсат од извори во затворот. Неофицијално, нападот се случил во дворот додека притворениците шетаат, а расправијата започнала кога друго лице и Ристовки влегле во вербална расправија и настанала меѓусебна турканица. Неофицијално, по настанот двајцата биле прегледани и однесени на лекар.

Спиро Ристовски и Миле Јанакиески од синоќа се во 30 дневен притвор бидејќи Обивнителството ги сомничи декла се дел од петмината кои ги организирале насилствата во Собранието на 27 април, пред две години.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2019 - 15:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега