Јанакиески не дојде во Судот - Се појави неговата сопруга

Екс министерот Миле Јанакиески денеска не беше спроведен на рочиште за случајот „Топлик“ во Кривичниот суд од затвор, а наместо него дојде неговата сопруга, пренесе Фокус.

Во судница фалеше и една од поротничките, која се уште е на боледување.

Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Тој неделава беше однесен во болница откако се пожалил на болка и му се влошила состојбата.

Директорот на билницата за Сител потврди дека Јанакиевски околу 19 часот бил примен во Ургентниот центар со болка во бубрезите, апо направеното ехо, лаботаториски анализи и снимање на рендген и преглед од уролог, примил терапија.

Затворската полиција потоа го вратила назад во затворот во Шутка.Вчера неговиот адвокат кажа дека состојбата му се влошува.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2019 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега