Јакимовски: Реализирано едно од моите предизборни ветувања уште пред да станам градоначалник на Карпош
Кандидатот на ГРОМ за градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска објави дека веќе е реализирано едно од неговите предизборни ветувања, а се уште не е официјално избран за градоначалник на општината. Јакимовски се заблагодари на одлуката на градските власти да воведат автобуски превоз од Трнодол и Жданец до Сити Мол, проект што беше најавен од кандидатот на ГРОМ уште пред две недели.
-Ја поздравувам одлуката на градските власти да воведат автобуски превоз од Трнодол и Жданец до Сити Мол. Имајќи предвид дека тоа е мое изборно ветување од пред повеќе од десет дена. Посебно сум среќен што практично веќе едно ветување кое сум го дал на граѓаните на општина Карпош веќе е исполнето, а се уште не сум градоначалник на општина Карпош. Во исто време сакам да ги потсетам дека го заборавија Средно Нерези. Во мојот предлог покрај Трнодол и Жданец предлагам и Средно Нерези да биде вклучено во градскиот превоз до Сити Мол, рече Јакимовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа