Јадела секој ден по една рака бадеми: Кога ќе ги прочитате придобивките ќе пробате и вие

 

 Јадете по една рака бадеми на ден, ќе ви ја обезбедат препорачаната доза на минерали, витамини и протеини. Освен тоа, екстрахираните масла од бадем наоѓаат примена не само во кујната, туку и во медицината.

Бадемите се богати со растителни влакна, витамини, минерали и мало хранливо пакување кое доаѓа со бројни фитохемикалии – поддржувачи на здрајето. Тие се добро балансирана храна која осигурува заштита од заболувања и одредени видови на канцер.

Одличен извор на енергија и пример за комплетна храна од нутритивен аспект. Особено се богати со моно-незаситени масни киселини како што се олеинската и палмитинската киселина, кои помагаат во намалување на ЛДЛ холестеролот или „лошиот холестерол“  и го зголемуваат нивото на ХДЛ холестеролот или „добриот холестерол“. Истражувањата покажуваат дека медитеранската исхрана која изобилува со присуство на мононезаситени масни киселини помага во превенција од заболувања на коронарните артерии и мозочен удар, преку фаворизирање на здрав профил на масти во крвта.

Бадемите се извонреден извор на витамин Е, содржат 25 гр во количина од 100 грама (или тоа би дошло околу 170% од препорачаната дневна доза). Витаминот Е е моќен антиоксидант кој се раствора во масти (липосолубилен витамин) и е неопходен во организмот за одржување на мембраните на клетките, нивниот интегритет и ја штити кожата од штетните оксидативни дејства на слободните радикали.

Бадемите не содржат глутен и се одлични и за луѓето кои имаат целијакија и популарна состојка која ја има во храната која најчесто ја консумираат.

Овие јаткасти плодови се многу богати со важните витамини кои се дел од Б комплексот, како што се рибофлавин, ниацин, тиамин, пантотенска киселина, витамин Б6 и фолати. Сите овие играат важна улога и претставуваат ко-фактори  за ензимите за време на клеточните метаболитички реакции.

Освен тоа, бадемите се неверојатен извор на минерали, како што е магнезиум, калиум, калциум, железо, магнезиум, цинк и селен.

 

 

 

 

 

14.06.2018 - 19:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега