Ја земала ќерката во раце и скокнала во смрт - Германката Тања оставила вознемирувачка порака пред да се самоубие

Германката Тања Лудвиг, заедно со својата 2-годишна ќерка се фрлила во карпите кај Вулонгонг во Австралија, а на Фејсбук оставила вознемирувачка порака пред самоубиството.

Телата на 33-годишната Тања и нејзината 2-годишна ќерка Тили се најдени во подножјето на карпите под живописниот видиковец „Робертсон“, од каде има поглед на планината Кира.

Таа пред Божиќ оставила вознемирувачка поракла барајќи помош поради психичките проблеми.

-Во ред е да не се биде во ред. На сите нас понекогаш ни е потребна поддршка - напишала Таа на Фејсбук, покрај телефонските броеви од лица на кои им било потребно да добијат психолошка помош. „Понекогаш на сите им треба поддршка. За луѓето ова е навистина тешка доба од годината“, стои во опис на фотографијата.

 

 

 

Истражувачите веруваат дека станува збор за убиство и самоубиство. Тања неодамна раскинала со својот партнер, а со ќерката живеела во Конистон, предградие во Волгонг. Сосестката Атена Кинас вели дека не може да верува што се случило.

Таа вели дека немало никакви индиции дека Тања има проблеми и дека ништо не ја наговестувало оваа трагедија.

-Беше прекрасна личност. Секогаш кога разговаравме со неа беше расположена - вели таа.

Видиковецот е оддалечен околу час и половина од Сиднеј. Стазата која води до него е долга 7,4 километри, а висината варира меѓу 222 и 476 метри. Полицијата во средата утрината го истражувала местото на трагедијата за да го утврди движењето на Тања пред трагедијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2019 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега