„Ја продадов едната ќерка за 99.000 марки, а другата само за 10.000“ - Радмила ја запрепасти цела Србија со својата изјава

Приказната за Радмила Микуловиќ од селото Тешница кај Алексинац која самоиницијативно пред камерите отворено тврдела дека ги продала своите две ќерки и внуката, целосно ја шокираше Србија, пренесува Курир.рс.

Имено, Радмила тврди дека од тие пари, ја заѕидала куќата, а во својата постпка не гледа проблем иако ѝ се закануваат 15 години затвор, а се затоа шпто како што вели, станува збор за обична традиција.

Радмила, инаку невработена, инсистира на тоа дека договорените бракови се традиција и дека е невозможно законски тоа да се забрани.

-Кога во семејството ќе се роди женско дете, ние веднаш велиме дека сме богати. Малата ќерка ја продадов за 99.000 германски марки, а старата само за 10.000. За внуката земав 20.000 евра, а со тие пари ја соѕуидав куќата - вели Радмила, која не крие дека има уште две внуки за продажба, кои има план да ги даде за 20.000-50.000 евра, а и една има што има 11 години.

Нејзиниот сопруг Славиша исто тка во оваа пракса не гледа ништо лошо и додава дека се случувало малолетна невеста пред брак да не биде невина, поради што пред неколку години дошло и до убиство.

-Ако невестата е невина, се кршат чинии од среќа и се пие ракија. Меѓутоа, ако не е, родителите на семејството се должни да ги вратат парите. Пред десет години таткото на една невеста беше убиен од свекорот затоа што не сакаше да ги врати парите - вели Славиша, сопругот на Радмила,.

Инаку и самата Радмила се омажила на 12 години за Славиша.

Радмила вели дека најчесто девојките се купувани од Романци и Албанци гастрбајтери, кои потоа девојките ги носат во Германија, Бугарија, Франција...

Синот на Радмила и нејзината снаа се противат на оваа традиција и бараат државните органи да ги запрат овие договорени бракови.

-Бракот го договараат како да продаваат стока. Од страната на младоженецот велат една цена, а од кај невестата друга. Кога конечно ќе се спогодат, се дава капар. Меѓутоа, кога негативно го коментирам продавањето на ќерките, моите дома ми велат дека сум глупак - се пожалил синот на Радмила пред српските медиуми.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2019 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега