Ја прашале што најмногу сака Попај да јаде - наместо да освои 10.000 долари, се посрамотила пред сите

Една жена со погрешен одговор на лесно прашање во канадски семеен квиз „Family Feud" пропушти можност да освои 10.000 долари. Сепак нејзиниот погрешен одговор стана хит на интернет и ѝ донесе бесплатна храна во вредност од 10.000 долари.

„Едноставно. Едно прашање. Само еден одговор. Кој ќе го погоди, игра за 10.000 долари. Тоа е тоа. Кој погоди победува“, рекол водителот . „Која е омилената храна на Попај“, било прашањето.

Натпреварувачката Ева Дубој успеала да се пријави прва и набрзина рекла „пилешко“, а нејзиниот танц ја направил уште посмешна. „О, мој Боже“ се слушнал некој од нејзиното семејство во позадина.

Изгледа дека сите други знаеле дека станува збор за популарниот цртан лик, морнарот Попај, а не за американскиот ланец поховано пилешко.

Логан Томлин, нејзиниот противник, веднаш одговорил точно. „Спанаќ“ рекол тој.

Иако натпреварувачката Дубој пропуштила можност да освои 10.000 долари, еден ресторан ѝ понудил бесплатна храна во ист износ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2020 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега