Ја објавила оваа фотографија, па била пронајдена мртва покрај пат - еден детаљ ја одвел полицијата до убиецот

Дваесет и четири годишната Валери Рјас од Њујор се фотографирала со своето момче Хавијер во аптека, не знаејќи дека тоа ќе биде нејзината последна фотографија објавена на друштвените мрежи.

Токму таа фотографија ѝ помогнала на полицијата во решавање на нејзиното мистериозно убиство.

За ужасното злосторство е осомничено нејзиното момче Хавијер да Силва Рохас, Тој признал дека ја киднапирал, ја спакувал во куфер и дека ја фрлил на патот.

Според судските документи, нејзината мајка рекла дека тие раскинале пред околу една година кога настанала оваа селфи фотографија.

Непосредно по нејзиното исчезнување, Валери ѝ кажала на својата мајка дека се плаши од поранешното момче, но дека има чувство дека некој ја следи.

-Некој ќе ме убие - ѝ кажала Валери на својата мајка Норми Сначез ноќта пред да исчезне.

Мајката се обидувала да ја смири, бидејќи Валери патела од депресија и напади на паника. 

Работник пронашол портокалов куфер во близина на границата со соседниот Кентаки. Внатре била девојка, со врзани раце и нозе. Се било уте почудно кога работникот неовластени ја фотографирал девојката во куферот на местото на настанот.

Хавијер де Силва Рохас е уапсен кога се обидувал да подигне 1.000 долари.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.02.2019 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега