Ја нема веќе цела недела: И ловци се вклучуваат во потрагата по исчезната Марија Брзакова од Босилово

Од утре и ловци ќе се вклучат во потрагата по исчезнатата Марија Брзакова од село Босилово од која веќе една седмица нема ниту трага, ниту глас.

Веста за вклучувањето на ловците ја потврди портпаролката на СВР-Струмица, Хризантема Рендевска, која истакна дека потрагата се организира во соработка со МВР и при тоа апелира сите заинтересирани ловци да дојдат утре во 8 часот пред зградата на Општина Босилово.

Дваесет и осумгодишната Марија Брзакова е исчезната од утринските часови на 18-ти овој месец. Била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса. Исчезнување во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг.

Изминативе денови полицијата интезивно трага по неа со пребарување на теренот, а во потрагата се вклучени и кучиња трагачи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2020 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега