Ја допирал по интимни делови: Гостиварец сексуално вознемирувал малолетничка

Мајка пријавила дека синоќа во дворот на семејната куќа во Гостивар, нејзината ќерка била сексуално вознемирена од малолетник.

Според СВР Тетово, четириесет и тригодишна гостиварка ноќеска, педесетина минути по полноќ, пријавила дека еден час пред тоа малолетник ја допирал по интимните делови од телото нејзината малолетна ќерка.

Настанот според пријавеното, се случил во дворот пред нивната семејна куќа во Гостивар, каде девојчето било со уште две други малолетници лица, а лицето потоа набрзина го напуштил местото.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.04.2021 - 14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа