Извршивме две операции, следуваат уште две – велат докторите кои се грижат за преживеаните од несреќата

Досега се извршени две, но следуваат уште две опрации, информираше началничката на Клиниката за изгореници и пластична хирургија, д-р Маја Аргирова.

Докторката истакна дека еден од преживеаните пациенти бил во длабок шок од несреќата во која животот го изгубија 45 македонски државјани.

Едниот од пациентите има тешки изгореници на двете раце, поради што ќе мора да се изврши операција, а операција на десното колено треба да се изврши и на едно девојче. Вчера беше извршена операција на колено на еден од повредените, рече д-р Аргирова.

Шест од преживеаните пациенти се наоѓаат токму на Клиниката за изгореници и пластична гирургија, додека пак еден од пациентите, кој е во шок, бил на Клиниката за трауматологија. Дополнително, бугарските доктори потврдија дека одржувале контакт и со македонските колеги.

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, во претходна изјава за медиумите, кажа дека се прават напори за пациентите да се транформираат на скопските клиники и дека тоа би се случило за неколку денови.

24.11.2021 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега