Извршена дезинфекција на транзитниот центар Табановце

Извршена е дезинфекција во Транзитниот центар во Табановце, но и во неколку села и населени места во тој реон од општина Куманово, објави денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

-Денеска продолжуваме со дезинфекција на кампот за мигранти во село Табановце и останатите села во регионот и најпрометните улици во градот. Сите станбени објекти на територија на општината се веќе третирани, продолжуваме, од утре со нов циклус- објави Димитриевски.

Измината недела беа дезинфицирани сите згради на подрачјето на Куманово. Во дезинфекцијата се вклучени екипи на сите претпријатија во градот, како и на противпожарната единица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.03.2020 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега