Се огласија од Јавното Обвинителство за убиството во кумановско. Уапсен е 25-годишник кој се товари и за други кривични дела. 

Информираат дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово извршил увид на лице место во селото Челопек каде било пронајдено безживотно тело на 78-годишна жена, за која постојат сомненија дека насилно била лишена од живот

– Дадени се повеќе наредби за обезбедување докази и траги од чице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Едно лице е лишено од слобода под сомненија дека е сторител на кривичното дело – убиство. Постојат сомненија дека истото лице во претходниот период било извршител и на други кривични дела во кумановско за што по наредба на јавен обвинител интензивно се преземаат дејствија за испитување на околностите и поврзаноста на настаните, велат од ЈО. 

По целосно испитување на настаните, ќе биде поведена соодветна постапка. 

Exit mobile version