Граѓаните веќе немаат потреба да одат на шалтерите на Управата за водење матични книги. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска соопшти дека изводите од матичните книги на родени, венчани и умрени, како и потврдата за слободна брачна состојба, се целосно дигитализирани и достапни на порталот uslugi.gov.mk.
„Од денеска, овие документи се целосно мигрирани на националниот портал. Со неколку клика граѓаните можат да ги добијат услугите, што ќе значи поголема ефикасност и крај на доцнењата,“ изјави Андоновски.
Покрај матичните изводи, воведени се и четири нови услуги од ФЗО. Физичките лица отсега електронски можат да извадат:
- Потврда за пријави и одјави во здравствено осигурување;
- Потврда за осигурено/неосигурено лице;
- Потврда за платен придонес.

