Извештајот на ЕК во Албанија во сенка на донесениот изборен законик без консензус

 

Вжештената политичка клима на домашно тло, по изгласувањето на измените во Изборниот законик без постигнат консензус во албанскиот Парламент, го стави во втор план извештаите на Европската комисија за напредокот на  Македонја и Албанија на патот кон Европската унија.

Медиумите пренесоа акценти од извештајот што го презентираше еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, но до сега нема конкретни реакции.

Премиерот Еди Рама синоќа по партиска средба изјави дека не е запознат со целиот текст.

-За волја на вистината, сеуште не сум го прочитал бидејќи бев многу ангажиран цел ден со друга работа а утре ќе го пречекам еврокомесарот Вархеји и ќе разговараме долго. Но, секако дека се чувствувам добро, бидејќи тоа е сосема поинаков процес од она што го сакаат да им го претстават на албанските граѓани оние што зборуваат во име на Европа, рече Рама.

Гостувајќи во телевизиска емисија високиот функцонер на владејачката Социјалистичка партија и координатор на пратеничката група Таулант Бала, синоќа во врска со ова прашање рече дека повеќе од сигурено е оти „меѓувладината конференција на Македонја и Албанија ќе се одржи до крајот на годинава“.

Додаде дека Владата е целосно ангажрана за формирање на Уставниот суд, кој во оваа земја не функционира три години, а што е посочено прашање во извештајот.

Познатиот албански аналитчар Агрон Ѓекмаркај смета дека Албанија заостанува во правец на евроитеграците и оти за „Албанија нема интеграција ниту во следните пет години“, обвинувајќи дека „тоа не го интересира премиерот Рама,кој е преокупиран со добивање трет мандат“.

Она што посебно паѓа в очи е тоа што до претпладнево нема реакција околу извештајот од страна на опозицијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.10.2020 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега