Изречени пресудите за 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје денеска објавена пресудата за 17-те преостанати, за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, познат во јавноста како „27 април“.

На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

Сите наведени се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Митко Чавков казна затвор 18 години.

Митко Пешов казна затвор од 15 години.

Душко Лазаров казна затвор од 15 години.

Горан Ѓошевски Леви казна затвор од 15 години.

Оливер Поповски казна затвор од 13 години.

Оливер Радулов казна затвор 10 години.

Мунир Пепиќ казна затвор од 15 години.

Абдулфета Алими казна затвор од 7 години.

Младен Додевски казна затвор 12 години.

Јане Ченто, казна затвор од 15 години.

Горанче Ангеловски казна затвор од 12 години.

Игор Југ казна затвор од 12 години.

Александар Василевски Нинџа 8 години

Никола Митревски Кољо 15 години затвор.

Влатко Трајковски 15 години.

Вилијам Михајловски 14 години казна затвор.

 

Никола Митревски Кољо 15 години затвор.

Игор Дурловски ослободен.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега