Изречени голем број казни на возила за јавен превоз, 16 биле со неисправни сопирачки

Полициски службеници денеска имаа засилена акција на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци на возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што санкционирани се 41 возило.

 

Од нив, 16 поради неисправен уред за запирање, 14 поради неисправен уред за управување, како и други видови неисправности“, информираат од МВР.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

18.05.2022 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега