Изречени 374 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи имаа засилена акција на територијата на Република Македонија, при што казни 374 возачи.

Полицијата информира дека 19 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 180 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 194 надвор од населено место. За време на акциската контрола санкционирани биле и 147 други видови прекршоци. 

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

17.06.2022 - 10:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега