Израелскиот министер кој коронавирусот го нарече „господова казна против хомосексуалците“ позитивен на Ковид-19

Израелскиот министер за здравство Јаков Лицман кој пред неколку недели коронавирусот го нарече „господова казна против хомосексуалците“ е позитивен на Ковид-19. Вирусот го добиле и неговата сопруга и двајцата сега се во карантин.

Лицман минатиот месец за време на дебата за коронавирусот рече дека тој е „казна за хомосексуалците“.

Израелските медиуми јавуваат дека министерот го игнорирал предупредувањето за социјално дистанцирање кое го издало неговото министерство и оти со тоа ги загрозил лидерите на државата. Тој наводно присуствувал на групни молитви неколку дена пред да биде тестиран позитивно на коронавирусот.

Неговата здравствена состојба е стабилна, но во минатите недели имал интензивни контакти со премиерот Бенјамин Нетанјаху и други високи претставници на Израел.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 22:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега