Израелски авиони го погодија седиштето на Црвената полумесечина на Катар во Газа

Израелски воени авиони денеска во Газа го погодија седиштето на Црвената полумесечина на Катар, членка на Меѓународната федерација на друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина, пренесува агенцијата Анадолија.

„Седиштето на Црвената полумесечина на Катар е сериозно оштетено попладнево по бомбардирањето на деловна зграда во Газа“, објави катарската Црвена полумесечина на Твитер.

Според нивните податоци, во нападот биле убиени двајца Палестинци, вклучувајќи и едно дете, а десет лица се повредени.

„Гаѓањето цивилните објекти е очигледно кршење на хуманитарното право“, оценуваат од оваа хуманитарна организација.

Тие додадоа дека ќе продолжат да „пружаат помош на загрозените лица во Појасот Газа во соработка со палестинската Црвена полумесечина“.

Палестинското Министерство за здравство во Газа соопшти дека бројот на Палестинци убиени во израелските напади од 10 мај е зголемен на 200, вклучувајќи 59 деца и 35 жени, а бројот на ранети се искачи на 1.307.

Меѓу ранетите има 46 лица во критична состојба, а од вкупниот број ранети во нападите, 398 се деца.

 

Палестинските групи во Газа продолжуваат со истрелување ракети како одговор на израелските напади. Десет лица во Израел загинаа во ракетите истрелани од Газа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.05.2021 - 23:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега