Изненадување за сите: Познат наследникот на Мурињо во Јунајтед

Откако португалскиот стратег Жозе Мурињо доби отказ uтрово, Манчестер Јунајтед е во потрага по нов тренер. Англиските медиуми веќе шпекулираат со неколку имиња.

„Црвените ѓаволи“ објавија дека ќе биде именуван ВД тренер што ќе го предводи тимот до крајот на сезоната, а дури потоа треба да биде именуван тренерот кој на долги патеки би го предводел клубот.

Според влијателниот „Скај спорт“, досегашниот помошник на Мурињо, Мајкл Керик ќе биде наследник на Португалецот. Триесет и седумгодишниот Керик цели 12 сезони го носе[e дресот на Манчестер Јунајтед.

Керик за „Црвените ѓаволи“ има одиграно 316 натпревари и постигнато 17 гола. Неколку други медиуми шпекулираат со имињата на Лоран Блан и Оле Гунар Солскјер.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2018 - 14:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега