Изминатата недела нови 15 случаи на Ковид во Охрид, 24 во Струга и 8 во Дебар

 Седмичните податоци што ги објавува Центарот за јавно здравје од Охрид, а се однесуваат на населението што живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, покажуваат дека во периодот од 12 до 18 септември лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај вкупно 47 лица и тоа кај 15 лица од општина Охрид, 24 лица од општина Струга и кај осум лица од општина Дебар.

Во овој период за тестирање земени се вкупно 116 примероци, од кои 52 по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 64 со упат од матичен лекар.

Според објавените податоци, во Охрид моментално има 48, во Струга 64, а во Дебар 40 активни случаи на заболени со коронавирус. Починати се седум лица од кои три од Охрид и пет од Струга. Во истиот период оздравени се 21 лице од Охрид, десет лица од Струга и две лица од Дебар.

Од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај вкупно 1 315 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 401 лице во општините Охрид и Дебрца, 639 лица во општините Струга и Вевчани и 275 лица во општините Дебар и Центар Жупа. Оздравени се 335 пациенти од Охрид и Дебрца 518 од Струга и Вевчани, а од Дебар и Центар Жупа 275 пациенти. Црниот биланс досега се 18 починати лица од Охрид и Дебарца, 57 од  Општина Струга и 13 од Дебар и Центар Жупа. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.09.2020 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега