Највисока температура во земјава денеска во 11 часот е измерена во Гевгелија, каде термометрите покажале 28,8 степени Целзиусови, покажуваат официјалните податоци на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Веднаш зад Гевгелија следуваат Кавадарци и Демир Капија со измерени 28,1 степен, како и Скопје-Петровец каде во 11 часот биле измерени точно 28 степени.
Високи температури пред пладне се забележани и во Велес (27,9°C), Струмица (27,8°C), Битола (27,2°C) и Штип (27°C).
Во Берово во 11 часот се измерени 26 степени, во Прилеп 25,9, Тетово 25,8, Крива Паланка 25,7 и во Виница 25,4 степени.
Во планинските и повисоките места се измерени пониски вредности, па така во Пожаране се измерени 24,9 степени, Маврови Анови и Тополчани 24,7, Охрид 24,5, Ѓуриште 24,1 и Претор 23,7 степени.
Најсвежо пред пладне било на Крушево со 22,5 степени, Радовиш Пожар со 22,8 и на Попова Шапка каде се измерени 18,8 степени Целзиусови.
За мерните станици во Лазарополе и Зајчев Рид во овој термички преглед нема изразени податоци за измерената температура.


