Измерени -16 степени - УХМР соопшти каде е најстудено утрово и каде има најмногу снег

Минусни температури изутрина во седум часот се регистрирани во целата држава, а најстудено е на Попова Шапка, каде се измерени -16 степени. Во Берово и Маврово се регистрирани -15 степени,  -14 во Крушево и  Претор, -13 Битола, -12 Охрид, -11 Крива Паланка, -10 Прилеп, -8 Тетово, -7 Штип, Струмица, -6 Куманово и Демир Капија, -5 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид и Дојран, а во Гевгелија – 3.

Висината ан снежната покривка на Попова Шапка изнесува 32 сантиметра, 20 во Битола, осум во Крушево, седум во Маврови Анови,  а по шест односно пет сантиметри во Охрид и во Претор и Ѓуриште, два во Крива паланка и еден во Пожаране.

УМХР за денеска најави сончево време со мала до умерена облачност и студено. Во текот на денот облачноста ќе се зголеми, особено во северните делови, каде во текот на ноќта ќе има услови на места да провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена, а до крајот на денот со значителна облачност. Во текот на ноќта во делови од котлината ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде околу 0 степени.

Во наредните денови, информираат од УХМР, следува период на стабилно и студено време со многу ниски утрински температури, а и дневните до вторник во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Од понеделник до среда ќе биде претежно сончево, а од четврток облачноста ќе се зголеми и во западните делови ќе има услови за локални врнежи од дожд. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2021 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега