Измените на Изборниот законик утре на пленарна Седница

 

Владините измени на Изборниот законик со кој се менува начинот на кандидирање и на избор на членови на ДИК, веќе се ставени на собраниската седница како 12 точка на Дневниот ред и ќе се гласаат по итна постапка.

Опозицијата гласаше „против“ и  ја повика власта да покаже политички разум и да ги повлече измените.

„Како сакате да учествуваме на референдумот кога ги менувате правилата пред гласање“, изјавија дел од пратениците од ВМРО ДПМНЕ.

Во собраниската полемика, власта ја прозва опозицијата дека тактизирала предолго време и веќе се прегазени сите рокови за избор на комисијата која треба да го спроведе референдумот.

„Од 2008 година, вие од ВМРО ДПМНЕ тврдите дека сте за референдум. Со блокирањето на ДИК, оневозможувате граѓаните да се изјаснат на рферендумот, ние тоа мора да им го овозможиме“, изјавија пратениците на СДСМ.

 

 

 

17.07.2018 - 19:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа