Измените на Изборниот законик, кои до петокот беа усогласувани од членовите на работната група, би можеле денеска да се најдат на собраниска седница како предлог на пратеници.

Предлогот треба да биде потпишан од пратеничките групи и формално доставен до Собранието, што според извори од владејачкото мнозинство би можело да се случи уште денеска. Собранието денеска треба да започне нова седница, па дневниот ред би можел да се дополни со нови точки на предлог на пратеници.

Во измените треба да бидат вградени забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, а паралелно партиите усогласувале и сопствени предлози. Во работната група не учествувале претставници на опозициската СДСМ.

Последната средба на работната група се одржала во четвртокот, а до петокот консултациите требало да бидат завршени електронски, како што претходно соопшти Министерството за правда.

Како што е најавено, покрај новата 109. седница, пленумот треба да ги продолжи и 105. и 104. седница.

Измените на Изборниот законик се дел од обврските од Реформската агенда.

Exit mobile version