Измени на Законот за ДДВ со кои се намалува рокот за регистрација за цели на ДДВ

На дневен ред на 98. собраниска седница се наоѓаат предложените измени на Законот за данокот на додадена вредност.

„Предложените законски измени се со цел да се допрецизира и дополни даночното ослободување во делот на образованието и да се надополни и со научната дејност. Исто така се врши намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за лекови за ветеринарна медицина. Дополнително, се намалува рокот во кој е задолжително даночните обврзници да останат регистрирани за цели на ДДВ, од пет години, на две години. Како и усогласување на враќањето на ДДВ на членовите на административниот и техничкиот персонал на дипломатски и конзуларни претставништва согласно Виенската конвенција за дипломатски односи“, се образложува во предложените законски измени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега