Измени на Facebook: Што треба да направите за да добивате дневни вести

Facebook постојано се менува а последната серија измени дополнително го исчисти newsfeed-от од објавите на фан страните, кои начесто се дневни информации преку кои корисниците на мрежата се информираат.
Тоа и не е така лоша новина за сите они кои социјалната мрежа ја користат за да останат поврзани со пријателите. Но Facebook одамна оваа своја намена ја стави во поаздина, па сега социјалната мрежа буквално претставува вирутелен живот во кој корисниите не само што меѓусебно се поврзуваат и комуницираат, туку се врши трговија, информирање, пропаганда и што ли уште не.

Доколку сте од оние кои вестите ги собираат од социјалните мрежи, тогаш да Ви ја покажуваме опцијата која ќе ви овозможи вестите секогаш да ви се при врвот на Вашиот newsfeed.

Кога ќе отворите било која од фан страните на социјалните мрежи ќе забележите дека на врвот на страната има три копчиња, а средното од нив пишува Following. Тоа е копчето што Ви треба. Кликнете или пак само поминете со поинтерот на маусот преку него и ќе и се отвори паѓачко мени на кое треба да ја одберете опцијата See First.

По ова, голем број вести од оваа фан страна ќе се појавуваат на Вашиот newsfeed.

 

 

 

09.02.2018 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега