Изменет режим на сообраќај во Скопје поради велосипедско дефиле „Ден без автомобили“

 

Во Скопје денеска ќе има изменет сообраќаен режим поради велосипедското дефиле „Ден без автомобили“ што се организира во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност 2019.

Дефилето го организира Град Скопје, а ќе почне во 11 часот од паркот „Ибни Пајко“, по улицата „Филип Втори Македонски“, лево по булеварот „Гоце Делчев“, лево по булеварот ВМРО, потоа десно по булеварот „Партизански одреди“, десно по булеварот „8 Септември“ и десно по булеварот „Илинден“ до Градски парк (Школка).

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 08:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега