Измамник ветувал обезбедување на разни дозволи – одзел поголема сума на пари

27-годишник од Крива Паланка е уапсен од страна на полицијата бидејќи измамил три лица.

-ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Б.Р.(27) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавениот, во периодот од 26.03.2021 до 02.04.2021, лажно се претставувал и ветувал на три лица обезбедување на разни дозволи. Во наведениот период во четири наврати пријавениот им земал вкупно 37.000 денари и 600 евра за ветената услуга, велат од полицијата.

16.09.2021 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа