Измамници нуделе 400 милиони вакцини против коронавирусот на ЕУ- количина вредна три милјарди евра

Измамниците понудија 400 милиони дози вакцини за коронавирус на земјите од ЕУ во вредност од околу три милијарди евра, соопштија денеска двајца неименувани официјални лица од Европската комисија.

Според Ројтерс, еден од нив рекол дека „трговците“ им нудат вакцини на АстраЗенека на владите на ЕУ и ја споредуваат ситуацијата со слична на почетокот на пандемијата, кога лажните трговци го искористија недостатокот на маски и друга заштитна опрема.

Еден од официјалните лица за Ројтерс изјави дека станува збор за голема количина дози на вакцини и дека никој не знае што всушност има во нив, солена вода или нешто друго.

„Во најдобар случај, вакцината нема да има ефект, во најлош случај, тоа е многу сериозен проблем“, рече тој.

Друг неименуван службеник рече дека ЕК е многу загрижена за тие вакцини.

Европската унија претходно предупреди дека бројот на измами со вакцини е во пораст, како и дека лажните дози кружат на пазарот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега