Измамена жена со наводна сообраќајка на нејзината ќерка

Жена од Крива Паланка била измамена и од неа биле изнудени 60.000 денари. Измамникот на телефон и соопштил дека нејзината ќерка направила сообраќајна несреќа.

-Вчера во 15.55 часот во Полициската станица Крива Паланка, мажпријавилдека неговата мајка била измамена за сума од 60.000 денари. Според пријавеното, едно лице ѝ се јавило на телефон и ѝ кажало дека нејзината ќерка направила сообраќајна незгода во Англија и побарало од неа 60.000 денари за ја спаси од затвор. Според пријавеното, жената ги дала парите на лицето на договореното место. По преземени мерки, во врска со настанот бил приведен С.Р.(46) од Крива Паланка, велат од полицијата.

 Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.10.2020 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега