Измамена жена од Свети Николе: Се претставил како полициски инспектор и ѝ побарал 2.000 евра за внука ѝ да не оди во затвор

 

Вчера во 16:00 часот во Полициската станица Свети Николе, 78-годишната Ѓ.Ѓ. од Свети Николе пријавила дека од едно лице била измамена за сума од 2.000 евра, информира МВР.

Според пријавеното, на 21.01.2020 во 11:00 часот лицето телефонски ѝ се јавило и се претставило како полициски инспектор од Скопје и ја известило дека наводно нејзината внука предизвикала сообраќајна незгода во која загинало осумгодишно дете и за да не оди во затвор ѝ побарал 2.000 евра,  кои требала да ги даде на лице кое веќе тргнало кон Свети Николе. Исто така, според пријавеното, околу 12.15 часот пред нејзината куќа со такси возило дошло непознато лице кое ги зело парите. Потоа пријавителката сфатила дека била измамена и го пријавила случајот во полициска станица. Се работи на расчистување на случајот.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.01.2020 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега