Измамен скопјанец - му побарале пари за да се сокрие дека неговата ќерка направила сообраќајка

Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, 58-годишниот Б.М. од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице.

Според пријавеното, околу 10:55 часот на телефон му се јавило лицето и му соопштило дека неговата ќерка учествувала во сообраќајна незгода, по што друго лице се претставило како полициски службеник и побарало пари за да се прикрие случајот.

Исто така, според пријавеното, тој се согласил на тоа и во 12:44 часот пред неговата куќа му предал пари на лицето.

Во 15:50 часот Б.М., откако контактирал со неговата ќерка, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.02.2020 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега