Излезноста во Охрид до 19 часот поголема за 7,6 отсто во однос на 17 часот

На предвремените парламентарни избори до 19 часот во Охрид на гласање излегле 49,34 отсто од лицата со право на глас. Во однос на излезноста во 17 часот, излезност во 19 часот се зголеми за 7,6 отсто

Излезеноста во Општина Дебрца до 19 часот изнесува 53,65 проценти.

За истиот временски период во Струга правото на глас го оствариле 35,48 отсто од гласачите.

Според информациите од претседателите на изборните комисии на трите општини, гласањето се одвива непречено, без какви било неправилности во фер и демократска атмосфера.

На овие 10-ти по ред парламентарни избори право на глас имаат 52.510 граѓани на Охрид, кои гласаат на 89 избирачки места, 4422 гласачи во Дебрца кои гласаат на 20 избирачки места, како и 60.810 лица во Струга, кои правото на глас можат да го остварат на 101 гласачко место.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.07.2020 - 19:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега