Излезност во Крива Паланка, Кратово и Ранковце до 17 часот
Во Крива Паланка до 17 часот излезноста е 58,7 отсто од граѓаните со право на глас.
Од Општинската изборна комисија на Крива Паланка информираат дека со обработка на податоците од сите 47 избирачки места, до 17 часот гласале 9.970 граѓани од вкупно 16.986 граѓани регистрирани во единствениот избирачки список.
Во Општина Кратово излезноста до 17 часот е 47,18 отсто од вкупниот број граѓани со право на глас.
Во Општина Ранковце до 17 часот гласале 1.543 граѓани или 51,26 отсто од вкупниот бро јна 3010 лица регистрирани во единствениот избирачки список.
15.07.2020 - 17:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа